Што е геотекстил и зошто ви треба во дворот - водич за употреба и поставување
Секој што некогаш уредувал двор знае колку брзо може да изгледа неуредно едно убаво поставено чакалесто патче или декоративна површина само по неколку месеци. Причината скоро секогаш е иста, недостаток на геотекстил под чакалот.
Што всушност прави геотекстилот
Геотекстилот е синтетичка тексилна мембрана која се поставува помеѓу почвата и материјалот што го ставате врз неа (чакал, декоративен камен, плочки или дренажен систем). Функцијата му е едноставна, но клучна:
- Спречува мешање на слоевите – го одделува чакалот од земјата под него, така што со текот на времето чакалот не потонува и не се губи во почвата
- Спречува раст на трева и плевел – блокира сончева светлина до семките во почвата, но пропушта вода и воздух
- Овозможува дренажа – за разлика од фолија или најлон, геотекстилот е пропустлив, па дождовната вода слободно поминува низ него наместо да се задржува на површината
- Го продолжува векот на патеката или површината – помалку одржување, помалку дополнителен чакал секоја година

Каде се користи во дворот?
Геотекстилот не е наменет само за декоративни чакалести површини. Најчесто се поставува:
- Под патеки од чакал или декоративен камен
- Околу дрвја и во леи со мулч, за спречување плевел
- Под тераси, платформи и дрвени подиуми
- При изградба на дренажни канали и системи за одводнување на дворот
- Под вештачка трева, каде спречува пробивање на плевел одоздола
Како се поставува правилно?
Постапката е едноставна, но редоследот е важен:
- Се исчистува и порамнува површината, се вадат камења, корени и остатоци од растенија
- Се разгрнува геотекстилот директно врз земјата, со преклопување од 10-15 см помеѓу трите
- Се фиксира со клинови/шајки за геотекстил, особено на косини
- Одозгора се насипува слојот чакал или декоративен камен, во дебелина која зависи од намената
Важно е геотекстилот да не се остава изложен на сончева светлина подолго време пред да се покрие, бидејќи UV зраците го намалуваат векот на траење на материјалот.
Препорачуваме производи:

