Примена на Safety мембрана – Хидроизолација на рамен кров

Дознајте како се применува SAFETY битуменска мембрана за хидроизолација на рамен кров, со и без топлотна изолација. Стратиграфија, слоеви и практични совети.

Како се применуваат Safety мембраните?

Функционалноста и трајноста на водоотпорниот слој се базира на правилното дизајнирање на стратиграфијата на индивидуалните објекти. Долу на сликите можете да видите неколку примери на стратиграфија на објекти со различна примена на мембрани според видот на кровот.

Izolacija na potkrovje rockwool

1. Рамен кров со битуменска мембрана

Овој систем е наменет за рамни кровови без потреба од дополнителна топлотна изолација.

Стратиграфија:

  1. Подлога
  2. Прајмер
  3. SAFETY APAO EPP 4 mm – битуменска мембрана која се заварува за подлогата и служи како прв, носечки хидроизолационен слој.
  4. SAFETY APAO MINERAL EBP 5.2 mm – завршна битуменска мембрана со минерален посип
  5. Обиколен лим – метална обработка на рабовите на кровот која го штити завршетокот на мембраната и спречува навлегување на вода на местата на приклучок.

Izolacija na potkrovje rockwool

2. Рамен кров со топлотна изолација и битуменска мембрана

Стратиграфија:

  1. Подлога
  2. Прајмер
  3. SAFETY ALU – битуменска мембрана со алуминиумска фолија која служи како пароизолациона бариера, спречувајќи навлегување на водена пареа од внатрешноста во изолацискиот слој.
  4. ROCKWOOL термоизолација
  5. SAFETY SA P 3 mm
  6. SAFETY APAO MINERAL EBP 5.2 mm – завршна битуменска мембрана со минерален посип
  7. Обиколен лим – метална завршна обработка на рабовите на кровот.

Препорачуваме производи:

SAFETY BASE MINERAL EAP 4,5kg

Дознај повеќе

SAFETY PLUS EAP MINERAL 5,2mm

Дознај повеќе

SAFETY BASE EPP 4mm

Дознај повеќе

Не го најдовте одговорот на вашето прашање или ви треба наша помош?