За што служат парните брани и кога се користат?

Многу луѓе што реновираат или градат за прв пат минуваат покрај овој слој без да знаат зошто воопшто е таму а всушност, од него зависи дали изолацијата ќе си ја врши работата 20 години или ќе почне да се уништува по две сезони.

Што е всушност парна брана?

Воздухот во просториите секогаш содржи водена пареа (од дишење, готвење, туширање, сушење алишта). Кога тој топол, влажен воздух ќе стигне до постуден дел од конструкцијата (на пример, до кровот или до надворешниот ѕид), пареата кондензира, односно се претвора во вода. Тоа е истиот принцип како кога се запарува чаша со студена вода во лето.

Проблемот е што таа кондензација најчесто се случува внатре во конструкцијата, во минералната волна, во дрвената конструкција на кровот, во изолацијата на ѕидот, каде не се гледа. Со текот на времето, влагата го намалува изолациониот капацитет на камената волна, го трули дрвото и создава услови за мувла.

Парната брана е слој (фолија) што се поставува од топлата страна на конструкцијата, пред изолацијата, и има една задача: да не дозволи водената пареа од просторијата да навлезе во изолацијата и во конструкцијата зад неа.

‍

‍

Каде се применува парна брана?

‍

Izolacija na potkrovje rockwool

‍

‍

Кровни конструкции (коси покриви). Ова е најчестата примена. Секогаш кога се изолира под кровен покривач парната брана се поставува меѓу внатрешната облога (гипс-картон) и изолацијата, од внатрешната, топла страна.

Ѕидови со дрвена конструкција. Кај монтажни куќи или дрвени конструкции, каде ѕидот е "сендвич" од повеќе слоеви со изолација во средината, парната брана оди веднаш зад внатрешната облога, за да ја заштити изолацијата и дрвената конструкција од влагата што доаѓа од просторијата.

Подови над неизолирани или ладни простори. Кога под просторијата има подрум, гаража или отворен простор, а подот е изолиран, парната брана го штити тој слој на изолација од влагата што се качува одоздола или се создава од температурната разлика.

Простории со зголемена влажност. Бањи, кујни, перални простории, секаде каде постојано се создава пареа бара особено внимание на овој детал, бидејќи ризикот од кондензација е поголем.

‍

Izolacija na potkrovje rockwool

‍

Зошто не смее да се прескокне?

Изолацијата (на пример, камената волна) работи затоа што задржува воздух во себе. Штом ќе се намокри, тој воздух се истиснува и изолационите својства драстично паѓаат: влажна изолација практично не изолира. Дополнително, влагата што остава во дрвена конструкција со текот на времето предизвикува гниење и губење на носивоста, а во затворен, невентилиран простор создава идеални услови за мувла, што влијае и на квалитетот на воздухот во домот.

‍

Едно важно разјаснување...

Парните брани не се исто со хидроизолационите мембрани што се поставуваат од надворешната страна на кровот (под покривниот материјал). Тие имаат спротивна улога - парната брана спречува влага да влезе однатре, додека надворешната мембрана штити од дожд и снег однадвор, но истовремено дозволува на конструкцијата да "дише" и евентуалната влага да излезе.

‍

Препорачуваме производи:

‍

membrana paroizolacyjna folia paroizolacyjna rolka eurovent aktiv.png

EUROVENT AKTIV
парна брана

Дознај повеќе
silver 1

EUROVENT SILVER
парна брана

Дознај повеќе
plenka evrovent eurovent standard alu 130 s alyuminievyim verxnim sloem

STANDARD ALU
парна брана

Дознај повеќе

Не го најдовте одговорот на вашето прашање или ви треба наша помош?