VENTIROCK DUO - камена волна
Ventirock Duo се водоотпорни изолациски плочи со двослојна густина за изведување на топлинска, противпожарна и звучна изолација во системот на вентилирани фасади.
Посебно се дизајнирани за да бидат отпорни на напрегања предизвикани од струењето на воздухот во вентилираниот слој.
Двослојната густина дава поголема цврстина на надворешниот слој и јаз големува водоотпорноста на камената волна, поради што нема потреба за ставање на водоотпорна фолија пропустлива на пареа врз изолацискиот слој.
Внтрешниот слој со помала густина лесно се прилагодува на можните неправилности на ѕидовите, додека надворешниот слој со поголема густина овозможува кавлитетно механичко прицврстување со сврзувачки елементи и е отпорен на абразија поради протокот на воздух.
Целосно незапалив материјал, реакција на пожар А1 – не придонесува за ширење на огнот, изложен на пламен не испушта отровни гасови и не создава дополнително запалливи капки.
Одлични топлинско изолациони својства, мала вредност на топлинска проводливост (λ), паропропусност, водоотпорност, хемиска неутралност и димензиска стабилност. Се испорачува на дрвени палети со димензии 2400х1200х2535 mm, заштитени со PE фолија.
Ова е производ со двослојна густина, при што надворешниот слој со поголема густина обезбедува подобри механички својства, додека внатрешниот слој со помала густина ги подобрува топлинско-изолационите својства. Производите со двослојна густина имаат ласерска ознака на надворешниот, поцврст слој, за полесно препознавање и правилна вградба.
Димензија на плоча: 1200 х 600 mm
Дебелина: од 60 до 200 mm
Топлинска проводливост: λD = 0,035 W/[mK]
Густина: ρ=надворешен слој 115 kg/m3; ρ=внатрешен слој 40 kg/m3
Точка на топење: Тt > 1000° C
Реакција на пожар: Класа А1



